Реал Мадрид се врати на тронот во Лигата на шампионите, откако ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0 во финалето. Карло Анчелоти кој го предводеше кралскиот тим до 15. трофеј во ЛШ сите заслуги ги препиша на неговите фудбалери.
„Беше тешко особено во првото полувреме, во второто подигнавме и на крајот бевме уште подобри. Го подигнавме интензитетот и се. Нивото ни падна малку во првото полувреме, но во вториот дел навистина функционираше. Последните минути беа дефинитивно многу подобри. Ова се случи поради историјата и традицијата на клубот, но и поради квалитетите на играчите. Овој тим е како семејство. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи. Нивната хемија е одлична и ниту еден од нив нема его. Беше навистина лесно да се управува со нив оваа сезона“, рече Анчелоти.
🗣️ Carlo Ancelotti: “I want to thank my players. Their chemistry is great and they have no egos at all. It was really easy managing them this season.” pic.twitter.com/iaXWsgVHdL
— Madrid Zone (@theMadridZone) June 1, 2024