Франческо Бањаја е победник на трката за ГН на Италија на патеката во Мугело.
Италијанскиот возач на Дукати стартуваше петти, но имаше фантастичен старт и се проби до првата позиција по само три свиоци. Најголемиот ривал на Бањаја, Хорхе Мартин, внимателно го следеше во текот на трката, но на крајот заврши како трет, откако Бастианини го престигна Марко Маркез од четвртата позиција, а потоа се израмни со Хорхе Мартин и во последниот круг го престигна шпанскиот возач за двојна победа на Дукати.
Во Топ 5 се најдоа и Марк Маркез (Гресини) и Акоста (Гасгас).