Кадетите на Србија водеа со 2:0 против Португалија, па во 95. минута останаа без финале на ЕП

1644

Кадетската репрезентација на Србија не успеа да се пласира во финалето на фудбалското ЕП кое се одржува на Кипар, затоа што изгуби во полуфиналето од Португалија со 2:3 иако водеше со 2:0.
Во првото полувреме српските фудбалери ја надиграа Португалија и поведоа со 2:0. Водството го имаа до 60-тата минута и потоа се тргна наопаку. Габриел Силва намали, потоа во 89 минута Родриго Мора изедначи. Во петтата минута од судиското продолжение Жоао Тровиско ги однесе Португалците во финалето.
Во финалето Португалија ќе игра против Италија која ја победи Данска со 1:0 во другото полуфинале.

ПретходноТони Крос: Германија е далеку од фаворит за освојување на ЕП 2024
СледноПрвото засилување на Баерн ова лето доаѓа од Баер Леверкузен!?