Неверојатниот Нено Димитријевиќ го остави во живот тимот на Уникс Казан во финалната битка во руската ВТБ лига. Во големото финале против ЦСКА, Уникс ја оствари првата победа дури во четвртиот меч откако денеска славеше во Москва со 80:96.
Нашиот репрезентативец мечот го заврши со извонредни 27 поени, со два скока и една асистенција. Нено беше непогрешив за три поени (4/4), а промаши само двапати од поле.
По оваа победа екипата на Уникс Казан сега се враќа на домашен терен, каде ќе се обиде да ја оствари и втората победа.