Во последното коло од втората Хрватска лига, Шибеник во дербито Зрински Осјечко со 2:0 и го освои првото место на табелата и со тоа билетот за влез во најсилната хрватска лига. Шибеник се враќа во елитата по пауза од една година.
Пред последното коло Зрински беше водечки со 81 бод, а Шибеник имаше 79 бода. На Зрински му требаше бод, но Шибеник ги зема сите три и скокна на првото место.
Инаку на овој меч за Шибеник играше македонскиот интернационалец Давид Тошевски. Тој е позајмен од австриски Клагенфурт. Па идната сезона во најсилната хрватска лига ќе гледаме уште еден македонски фудбалер покрај Трајковски, Адеми, Ристовски, Митровски.