Флорентино Перез: Модриќ останува уште една година, следната сезона треба да ја освоиме 16-тата титула!

3471

Секако дека еден од најзадоволните и најсреќни по триумфот на Реал беше првиот човек на клубот Флорентино Перез. Тој на прашање на новинарите за тоа што ќе се случува со Лука Модриќ, дали Хрватот останува или си оди, се разбира прашање имаше и за Мбапе, беше сосема кус:

Лука ќе остане со нас уште една сезона. Вечерва нема да се коментира Мбапе, треба да зборуваме за други играчи“ рече Перез.

Инаку тој се осврна веднаш и на следната сезона:

Овој тим е семејство, тоа е клучот за успехот. Следната сезона треба да ја освоиме 16-тата титула во ЛШ“.

ПретходноЕдноставно непобедливи: Шампионскиот танц на Дон Карло и “кралевите“! (ВИДЕО)
СледноЧудесниот Ѓоковиќ: Со неверојатен пресврт во 3 часот наутро дојде до историска победа