Алкараз одигра „ѕверски“ и закажа четвртфинале со Циципас

370

Шпанецот Карлос Алкараз покажа зошто е еден од главните фаворити за титулата во Париз. Тој во денешното осминафинале го „растури“Канаѓанецот Феликс Ожер- Алиасим со 6:3, 6:3, 6:1 и се пласираше во четвртфиналето.

Во четврфиналето, Алкараз го чека дуел со Гркот Стефанос Циципас, кој претходно имаше сериозни проблеми против Матео Арналди од Италија, каде во еден момент се чинеше дека е пред пораз, но успеа да направи голем пресврт.

Нема сомнеж дека ова ќе биде спектакуларно четвртфинале меѓу големите фаворити за трофејот во Париз.

ПретходноКрос искрен: Да ми кажеше некој дека ќе освојам шест титули во ЛШ немаше да му верувам!
СледноЈанис ќе игра: Грција со најсилниот тим ќе брка „виза“ за ЛОИ во Париз