Италијанската фудбалска репрезентација до 17 години игра на Европското првенство кое се одржува на Кипар. Младиот напаѓач на Италија, Матиа Либерали постигна прекрасен гол против Англичаните во стилот на големиот Лео Меси.
Тој „нанижа“ пет-шест играчи на Англија во шеснаесетникот и го совлада англискиот голман. Поради ова ремек дело си го доби и прекарот „малиот ѓавол“ (piccolo diavolo).
Инаку тој игра за младиот тим на Милан во Примавера, а минатата година потпиша професионален договор со „росонерите“. Легендарниот Алесандро Костакурта го според со Фил Фоден од Англија.
🇮🇹⚡️ Insane solo goal from Mattia Liberali (17) vs England! He plays for Milan currently. 📈 pic.twitter.com/mp1BixTAwQ
— EuroFoot (@eurofootcom) June 1, 2024