Македонскиот национален тим го одработи последниот тренинг во Ријека пред утрешниот дуел со Хрватите (19.00 часот). Тренингот започна добро, а потоа дождот ги натопи фудбалерите кои не можеа нормално да го доработат.
Милевски имаше што да види, а утре ќе одлучи со кој тим ќе стартува. На пресот тој кажа дека ќе играат против репрезентација која е во Топ5 репрезентации во светот, а очекува добра игра од неговите избраници.