Милевски: Против Хрватска ќе видиме до каде сме, таа е во ТОП 5 во светот

687

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (19.00 часот) во Ријека ќе го одигра првиот од двата пријателски натпревари во јуни. Противник е Хрватска, репрезентација од ТОП 5 репрезентации во светот. Селекторот Благоја Милевски ги кажа очекувањата против Хрватите.
Очекувам еден добар натпревар, кога имате меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме. Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина.

Се наоѓаме на крај на сезоната, но она кое го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус“, изјави Милевски.

ПретходноСинот на Анчелоти открива: Карло ќе оди на одмор за да чува крави
СледноТрајковски: Играме против врвни играчи, за нас одлична подготовка за Лигата на нации