Модриќ одби две понуди и ја прифати третата, потпишува следната недела!

13081

Не се работи за парите. Лука Модриќ одби две повеќе од сериозни понуди да остане во Реал Мадрид.

Хрватскиот играч за врска и еден од најдобрите играчи од средниот ред во овој милениум следната недела ќе потпише договор со Реал Мадрид на уште една година, како што објави Фабрицио Романо.

Да потсетиме, вчера Модриќ со Реал стигна до својот 26. трофеј со овој тим, кој е најмногу во историјата на кралскиот клуб.

Покрај тоа, тој е еден од четворицата фудбалери кои имаат освоено шест европски шампионски титули, покрај Тони Крос, Дани Карвахал и Начо.

Лука од оваа сезона има малку намалена минутажа, но е свесен за годините и јасно му е дека и со различна улога во Реал Мадрид може да помогне за освојување трофеи.

ПретходноЃоковиќ се мачеше, а потоа ја погледна неговата сопруга (ВИДЕО)
СледноДарио Ивановски и Милјана Ристиќ победници на 8. издание на “Охрид трчат“