Наковски: Резултатски не беше најдобро, но играта ме радува

119

Македонската одбојкарска репрезентација со една победа и пет порази ги заврши настапите во Европската Златна лига 2024. Со оглед на промената на генерацијата и новото селекторско решение, игрите на овој национален состав покажаа дека репрезентацијата има капацитет во августовските квалификации да се избори за учество на уште една завршница на континеталните првенства.

Освен победата ннад Азербејџан, репрезентацијата имаше уште три одлични натпревари во кои сериозно можеше да дојде и до уште некоја победа. Може да жалиме за испуштената победа над Хрватска, но истовремено да не радува иформата покажана на дуелите со Естонија, Белгија и Шпанија.

„Затворивме уште една страна во Златната европска лига. По 30 дена подготовки и натпревари одигравме силни натпревари. Резултатски не сум задоволен како завршивме, но според играта морам да бидат задоволен. На некој начин против Белгија, Хрватска, Шпанија и Естонија се виде дека нашата игра е во добар правец, а и квалитетот доаѓа до израз. Тоа значи дека можеме да се носиме и со поквалитетните тимови од Европа. Што се однесува до играчите се направи една слика од која видовме како се развиваат помладите играчи. Ги очекувам сите на 15 јули повторно и се надевам дека ќе го исполниме планот за пласман на Европското првенство“, вели селекторот Хари Наковски.

Нашите одбојкари ги очекува период од 45 дена одмор, пред новиот собир кои ќе донесе подготовки за августовските евро-квалификации каде против Грузија и Грција ќе се бориме за место на завршницата на уште едно европско првенство.

ПретходноПет години од втората европска круна на Вардар: Ќе се случи и третпат! 
СледноОФИЦИЈАЛНО: Пимиента е нов тренер на Севиља