Нено сам ја победи ЦСКА и го остави УНИКС во живот за титулата!

516

Неверојатниот Нено Димитријевиќ го остави во живот тимот на Уникс Казан во финалната битка во руската ВТБ лига. Во големото финале против ЦСКА, Уникс ја оствари првата победа дури во четвртиот меч откако денеска славеше во Москва со 80:96.

Нашиот репрезентативец мечот го заврши со извонредни 27 поени, со два скока и една асистенција. Нено беше непогрешив за три поени (4/4), а промаши само двапати од поле.

По оваа победа екипата на Уникс Казан сега се враќа на домашен терен, каде ќе се обиде да ја оствари и втората победа.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Пимиента е нов тренер на Севиља
СледноБањаја најбрз на Мугело со двојна победа на Дукати