Никола Ѓоргиев е најдобар поентер во Златната лига 2024

106

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, е најдобар поентер во првата фаза од натпреварите во Златната лига 2024. Иако остануваат да се одиграат уште три меча вечерва, мала е шансата Ѓоргиев да биде симнат од првата позиција.

Нашиот најдобар играч во шест одиграни натпревари со 24 сета успеа да реализира 138 поени. Зад него останува Чехот Патрик Индра кој има 122 поени, а по него примачот на португалската репрезентација Фереира со 120 поени. Коректорот на Романија Александру Рата со 119 поени се наоѓа на четвртото место на листата на најдобри поентери, која во ТОП 5 ја заокружува Фере Регерс од Белгија кој досега нанижа 112 поени.

Со денешните последни три мечаво кои се среќаваат Хрватска – Шпанија, Украина – Белгија и Естонија – Луксембург ќе заврши основниот дел од Златната лига 2024, по што четирите најдобри тимови одат во Осијек на Ф4 турнирот на 15 и 16 јуни.

Претходно„Тутоспорт“: Јувентус го договори Компајнерс
СледноКрос искрен: Да ми кажеше некој дека ќе освојам шест титули во ЛШ немаше да му верувам!