ОФИЦИЈАЛНО: Пимиента е нов тренер на Севиља

100

Хавиер Гарсија Пимиента ќе биде нов тренер на Севиља во следните две сезони. Веста ја потврдија од шпанскиот клуб.

Од јануари 2022 година, шпанскиот стратег беше на чело на Лас Палмас. Под негово водство тимот одигра 105 натпревари. 49-годишниот Гарсија Пимиента има искуство и со различни младински тимови во Барселона.

Лас Палмас ја заврши сезоната 2023/24 на 16. место во поредокот во Ла Лига, а беше елиминиран од Купот на Шпанија по поразот на гости кај Тенерифе (2:0) во осминафиналето.

ПретходноНаковски: Резултатски не беше најдобро, но играта ме радува
СледноНено сам ја победи ЦСКА и го остави УНИКС во живот за титулата!