Првото засилување на Баерн ова лето доаѓа од Баер Леверкузен!?

927
ФОТО> Twitter/Bayer 04 Leverkusen

Баерн Минхен постигнал договор со одбранбениот фудбалер на Баер Леверкузен, Џонатан Та, пренесува германскиот спортски новинар Флоријан Плетенберг. Според него играчот и Баерн се договориле и големи се шансите трансферот да се случи.
Од Баер, кој првпат во историјата стана шампион на Германија, настојува да ги задржи главните фудбалери, а Та има договор до следната година. Но желбата на германскиот репрезентативец е да премине во друг клуб, а покрај интересот од неколку други европски клубови, сепак, неговиот избор бил Баерн.
Инаку Та е член на Леверкузен од 2015 година.

ПретходноКадетите на Србија водеа со 2:0 против Португалија, па во 95. минута останаа без финале на ЕП
СледноСледната сезона ќе гледаме уште еден Македонец во Првата хрватска лига