Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ по поразот од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампиони од 2-0 потенцира дека не заслужиле вакво сценарио, но истовремено призна дека „кралевите“ заслужено се нашле на тронот.
„Одигравме одличен натпревар и можеби заслуживме нешто повеќе. Особено во првото полувреме почувствувавме дека го имаме во себе. Покажавме дека имаме верба. Направивме толку многу работи како што треба и единствената разлика е што тие имаа убиствен инстинкт. Тогаш тоа го покажува квалитетот што го имаат затоа заслужуваат повторно да бидат шампиони“, изјави Терзиќ.
Edin Terzic post match interview with TNT sports. pic.twitter.com/lHvdlAaG2Y
— ari (@aritrabvb1909) June 1, 2024