Тони Крос: Германија е далеку од фаворит за освојување на ЕП 2024

619

Фудбалерот од средниот ред на Германија, Тони Крос не смета дека неговата репрезентација е фаворит за освојување на Европското првенство. Германија е домаќин, а Крос не ја става Германија во потесниот круг на освојувачи на трофејот.
Би било погрешно да не размислуваме за освојување на Европското првенство. Мислам дека успеавме да го промениме расположението и сега тоа е позитивно. А според мене ние сме далеку од фаворити за освојување на турнирот. Сепак, тоа го мислам јас. Инаку кога играм на некој турнир, се трудам да дадам се од себе и да го освојам. Така ќе настапи и Германија“, изјави Крос.
Германија е во група со Швајцарија, Шкотска и Унгарија. ЕП ќе се одигра од 14 јуни до 14 јули.

ПретходноДождот ги освежи „националите“ на последниот тренинг во Ријека (ФОТО+ВИДЕО)
СледноКадетите на Србија водеа со 2:0 против Португалија, па во 95. минута останаа без финале на ЕП