Ѓер шести пат на тронот на Европа

138

Унгарија слави, има европски првак во ракомет. Женскиот клуб Ѓер е освојувач на европската круна по триумфот над германски Биетингхајм во финалето со 30:23. Унгарскиот првак влезе во мечот како фаворит и ја оправда таа улога.
Кај победничкиот тим најефикасни беа Ана Грос и Кари Дале со по шест голови, Ѓери-Ликаш постигна пет…
За Ѓер ова е шеста европска титула во историјата, а прва по 2019 година. Овој клуб е еден од најуспешните во историјата на ова натпреварување, а освен шесте трофеи има уште четири финалиња.
А противникот од Бадем-Виртемберг кој е четирикратен германски шампион првпат игра во финале на ЛШ. Во 2022 година ја освоија ЕХФ Лигата на Европа.
Третото место го освои Есбјерг кој во малото финале го совлада Мец со 37:33.

ПретходноМурињо во Фенербахче: Фудбалот е страст и нема подобро место од ова за да се почувствува таа страст
СледноВо стилот на Меси – погледнете го мајсторскиот гол на младиот Италијанец