Јанис ќе игра: Грција со најсилниот тим ќе брка „виза“ за ЛОИ во Париз

296

Грција ќе настапи со најсилниот тим на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри, бидејќи учеството го потврди и првата ѕвезда Јанис Адетокумбо.

Покрај Јанис, во тимот ќе има и други ѕвезди како Митоглу, Папајанис, Папаниколау, Папапетроу, Слукас и други.

За место на Игрите во Париз ќе се борат Египет, Доминиканска Република, Словенија, Хрватска и Нов Зеланд. Билет за Париз ќе обезбеди само победникот на турнирот.

По истиот принцип Црна Гора ќе се натпреварува во Летонија. Црногорците се во група со Бразил и Камерун, додека втората група ја сочинуваат Летонија, Грузија и Камерун.

Порторико ќе биде домаќин на третиот турнир, а покрај Порторико за место во Париз ќе се борат и Мексико, Брегот на Слоновата Коска, Литванија, Италија и Бахреин.

Четвртиот учесник на Олимписките игри ќе биде познат по турнирот во Шпанија. На тој турнир, освен Шпанија, за олимписка виза ќе се борат Ангола, Либан, Финска, Полска и Бахамите.

ПретходноАлкараз одигра „ѕверски“ и закажа четвртфинале со Циципас
СледноДалиќ: Ја респектираме Македонија, ова ќе биде добар тест за мечот со Албанија