Македонската фудбалска репрезентација е во Ријека каде утре на стадионот „Рујевица“ ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска.
Агон Елези вели дека е голем предизвик да се игра против една репрезентација како што е Хрватска, клучна ќе биде мотивираноста, но и целосното спроведување на задачите поставени од страна на селекторот.
„Драго ми е што повторно сум со момците во репрезентацијата, се подготвуваме на највисоко ниво и навистина е предизвик што се соочуваме со Хрватска, селекција која беше бронзена на последното Светско првенство. Секогаш сме мотивирани кога играме за Македонија и така треба да се однесуваме и на терен. Да ги почитуваме задачите од селекторот и да се надеваме на позитивен резултат”.