Перез не застанува: Веќе размислувам за 16. титула

287
Фото: ФК Реал Мадрид

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, очекувано е воодушевен од победата во финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

„Срцето ми е полно кога ги гледам нашите навивачи среќни, насмеани, задоволни. Тие ги носат нашите фудбалери до победа. Им велам дека не размислувам за петнаесеттата титула на Реал, сега размислувам само за шеснаесеттата титула“, изјави Перез во Лондон, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал со победата од 2:0 на Вембли ја освои 15-та титула.

Перез е претседател на Реал Мадрид од 2009 година, а претходно беше на чело на мадридскиот клуб од 2000 до 2006. За време на неговиот мандат како претседател на клубот освои вкупно седум европски титули.

Перез на крајот го пофали германскиот калчолигаш Тони Крос кој најави крај на играчката кариера по претстојното Европско првенство.

„Тоа беше негова желба, да си замине кога беше во својот врв. Тој е играч кој без рамен е една од најголемите легенди на Реал на сите времиња“, изјави Перез.

ПретходноЧетворица ракометари си одат од Пелистер!
СледноПет години од втората европска круна на Вардар: Ќе се случи и третпат!