Синот на Карло Анчелоти изјави дека неговиот татко сонува да чува крави за време на одморот во период меѓу две сезони. Вчера Реал Мадрид ја совлада Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите што за искусниот италијански стратег тоа беше петта титула од најсилното европско натпреварување.
Давиде Анчелоти, кој е негов син и помошник во Реал, вели дека оваа титула сега му ги замрсила плановите за ова лето.
„Карло носи одлуки, но може да се каже дека ние малку го зае**вме. Тој повеќе не може да издржи, сака да оди на одмор, мислам дека ќе оди во Монтана да чува крави. Овој човек го заслужува тоа“, рече Давиде.