Следната сезона ќе гледаме уште еден Македонец во Првата хрватска лига

2672

Во последното коло од втората Хрватска лига, Шибеник во дербито Зрински Осјечко со 2:0 и го освои првото место на табелата и со тоа билетот за влез во најсилната хрватска лига. Шибеник се враќа во елитата по пауза од една година.
Пред последното коло Зрински беше водечки со 81 бод, а Шибеник имаше 79 бода. На Зрински му требаше бод, но Шибеник ги зема сите три и скокна на првото место.
Инаку на овој меч за Шибеник играше македонскиот интернационалец Давид Тошевски. Тој е позајмен од австриски Клагенфурт. Па идната сезона во најсилната хрватска лига ќе гледаме уште еден македонски фудбалер покрај Трајковски, Адеми, Ристовски, Митровски.

ПретходноПрвото засилување на Баерн ова лето доаѓа од Баер Леверкузен!?
СледноАдем Мекиќ со Задар е шампион на Хрватска