Четворица ракометари си одат од Пелистер!

5653

Пелистер ја одбрани титулата во Супер-лигата. Битолчани во последното коло во плеј-офот славеа против Алкалоид и дојдоа до осмиот пехар во својата историја. Водени од домашните навивачи, ракометарите на Пелистер исполнија една од трите поставени цели за оваа сезона. Она што останува како горчина е поразот од Алкалоид во финалето на Купот на Македонија, како и фијаското во Лигата на шампиони, каде имаа 14 порази, ниту едно реми или пак победа.

Најавите од Битола се дека составот нема да трпи премногу измени. Следната сезона на голот на Пелистер ќе го гледаме капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, а си заминува триото Гедбан, Лесјак и Кизиќ. На пикерската позиција нема да биде ниту Денис Васиљев.

По завршување на финалето, актуелниот тренер, Бранко Ангеловски ги најави овие заминувања, но и истовремено потврди дека 80% од тимот ќе остане ист со уште неколку имиња.

Пелистер по завршување на сезоната ќе лека абер од ЕХФ, дали ќе добие вајлд-карта за повторно да биде дел од елитата.

ПретходноДарио Ивановски и Милјана Ристиќ победници на 8. издание на “Охрид трчат“
СледноПерез не застанува: Веќе размислувам за 16. титула