Голема работа за турскиот фудбал, а особено за Фенербахче се случи бидејќи Жозе Мурињо беше претставен како нов тренер на овој клуб.
Назначувањето на Мурињо за нов тренер на Фенербахче беше добро проследено во медиумите, а голем број навивачи го пречекаа на стадионот.
Стадион беше отворен за навивачите да дојдат и да присуствуваат на церемонијата на потпишување, и сè беше навистина спектакуларно.
Многу интересна ситуација се случи во моментот кога Али Коч и Мурињо почнаа да позираат со дресот на Фенербахче. Еден навивач успеа да го избегне обезбедувањето и да истрча кон Португалецот. Обезбедувањето го стигна и реагираше токму пред Мурињо, но Специјалниот покажа зошто е посебен.
Тој им рече на обезбедувањето да го пушти младиот човек, се сликаше со него и го пушти да го прегрне. Навистина прекрасен потег на Мурињо.
A fan jumped into the scene and hugged Jose Mourinho in the signing ceremony.
byu/GustavTheTurk insoccer