Легендата на Борусија Дортмунд Марко Ројс речиси сигурно ќе ја продолжи кариерата во МЛС. Поранешниот германски репрезентативец е на чекор до договор со Лос Анџелес Галакси.
Според Фабрицио Романо, американскиот клуб веќе упатил конкретна понуда до Ројс. 35-годишниот офанзивен играч за врска има опција да потпише со еден од водечките тимови во Саудиска Арабија, но претпочита да замине во САД.
Ројс пред неколку недели објави дека ќе ја напушти Борусија како слободен играч. Неговиот последен натпревар со „жолто-црните“ беше загубеното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Минатата сезона Ројс настапи на 39 натпревари во сите натпреварувања за Борусија и постигна 8 гола.