И официјално, од денеска Енцо Мареска е нов тренер или менаџер на Челзи. Италијанецот во наредниот период ќе го води гигантот од Лондонм некогашен двократен освојувач на ЛШ. Откако Маурицио Покетинот доби отказ од газдите на “сините“, неколку тренери беа кандидати за наследник на Аргентинецот, но сепак раководството на Челзи се одлучи за Мареска кој изминатата сезона го водеше Лестер и го врати во Премиерлигата.