Анри ги објави фудбалерите за ОИ, ги нема Мбапе, Салиба, Густо…

4208

Селекторот на олимписката репрезентација на Франција, Тиери Анри го објави списокот на фудбалери за фудбалскиот турнир на Олимписките игри. Како што е познато ОИ ќе се одржат во Париз, а францускиот фудбалски тим како домаќин ќе се обиде да стигне до третиот медал, а второ злато по она од ОИ 1984 во Лос Анџелес.

Анри не можеше да одбере што ќе посака затоа што доби блокада од клубовите за Мало Густо, Беноа Бадиашил, Вилијам Салиба и Килијан Мбапе. Челзи, Арсенал и Реал Мадрид не ги пуштаат овие фудбалери за турнирот туку сакаат да ги имаат во подготвителниот период за новата сезона.
Па така Анри мораше да бара нови решенија. Ова е прелиминарниот список од 25 фудбалери на кои може да има една до две измени.

Голмани: Лука Шевалие (Лил), Обед Нкамбадио (ФК Париз), Гијом Рест (Тулуз), Робин Рисе (Дижон);
Дефанзивци: Бафоде Диаките, Лени Јоро (двајцата од Лил), Максим Естеве (Барнли), Бредли Локо (Брест), Кастело Лукеба (РБ Лајпциг), Килијана Сидија (Фрајбург), Адриен Труфер (Рен);
Играчи од средниот ред: Магнес Аклиус (Монако), Жорис Шотар (Монпеље), Дезире Дуаи (Рен), Ману Коне (Борусија М), Енцо Михо (Штутгарт), Кефрен Турам (Ница), Лесли Угочукву (Челзи), Ворен Заир-Емери ( ПСЖ);
Напаѓачи: Бредли Барцола (ПСЖ), Арно Калимуендо (Рен), Александре Лаказет (Лион), Жан-Филип Матета, Мајкл Олисе (двајцата Кристал Пелеш), Матис Тел (Баерн).

ПретходноГотово е: Реал го потврди Мбапе, познати се броевите што ќе ги носи во наредните две сезони
СледноКатастрофална Македонија во Ријека: И “комбинирана“ Хрватска е пресилна за нас! (ВИДЕО)