Фудбалската репрезентација на БиХ е поразена во Њукасл на стадионот „Ст.Џејмс Парк“ од селекцијата на Англија со 3:0 во пријателски натпревар на кој на клупата на „змејовите“ дебитираше новиот селектор Сергеј Барбарез.
Англичаните настапија со комбиниран тим, а и Босанците имаа некои дебитанти додека сите три гола паднаа во второто полувреме. Резултатот го отвори Кол Палмер со погодок од пенал во 60 минута.
Во финишот Англичаните постигнаа уште два гола. Прво погоди Александер-Арнолд во 85 минута, а четири минути подоцна мрежата ја затресе и Кејн.
Следниот пријателски меч БиХ го игра против Италија во недела во Емполи.
А на „Макс Морлок“ стадионот во Нирнберг, селекцијата домаќин на ЕП, Германија одигра без голови против Украина. Германците имаа поголем посед на топка и многу повеќе шанси, меѓутоа не реализираа ниту една.
Дома Меѓународен фудбал ЕП/СП БиХ поразена од Англија на дебито на Барбарез, реми меѓу Германија и...