Кошаркарките на Вардар се победници на завршниот турнир на М18 лигата во женска конкуренција, откако во мечот на одлука, славеа победа против домаќинот на овој собир, екипата на Патриот 2016 од 79-52.
Кошаркарката на Вардар, Јана Пислевска, беше избрана и за најкорисен играч на дводневниот собир на најдобрите млади кошаркарки од М18 лигата во Делчево.
Во финалниот меч во кој нејзината екипа, Вардар, стигна до победа против екипата на Патриот 2016, и до златните медали, реализираше дабл-дабл ефект, изразен преку 17.поени (4/6 за три, 2/5 за два и 1/4 за еден поен), но и 11.скока (три офанзивни), шест успешни додавања до соиграчките, но и феноменални осум освоени топки.
Сето тоа за индекс 33, најмногу во двете екипи кои играа во големото финале.
М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР – ДЕЛЧЕВО
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Пробаскет 104:51
Патриот 2016 – Бадел 1862 72:61
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Пробаскет – Бадел 1862 55:72
ФИНАЛЕ
Вардар – Патриот 2016 79:52