Еден од најдобрите дански ракометари и голмани на светско ниво, Никлас Ландин ќе стави крај на својата репрезентативна кариера. Ова ќе го стори по завршувањето на Олимписките Игри во Париз.
“Оваа одлука ја мислам веќе подолго време, но сега дојде вистинското време за тоа. Олимпијада во Париз ќе биде одлично време, не можам да посакам подобар момент“, изјави тој за тамошните медиуми.
Ландин има 35 години, во националниот дрес има 273 настапи, за првпат дебитираше против Австрија во 2008 година. Со Данска има десет финалиња и пет златни медали, двапати по ред беше прогласен за најдобар светски играч.