„Овие битанги веќе не знаат ни да слават!“

4559

Реал Мадрид по 15-ти пат стана европски првак. “Кралевите“ си ја вратија круната, си го вратија тронот по само една година пауза. Секако дека тоа беа радосни моменти на “Вембли“, потоа и во Мадрид, но славјете беше културно, не и еуфорично, како што му доликува на кралскиот клуб.

Сетоа тоа го забележа Хоселу и во еден момент изненаден изјави:

Па, овие битанги веќе не знаат ни да слават. Мене ова ми е прва титула“ се разбира дека ова напаѓачот на Реал го кажа во шега.

А како да слават ако се знае дека освојување на титула во Реал се подразбира, ова е шесто „ушле“ во последната деценија, и затоа нема причина од никаква еуфорија, посебно ако се знае дека Флорентино Перез уште во саботата по финалето кажа дека веќе се размислува на 16-тата титула во ЛШ.

Ете, тоа Реал Мадрид.

ПретходноПромоција: Челзи го потврди Енцо Мареска!
СледноНовак се повреди, по медицинскиот тајм-аут мечот со Серундоло продолжи!