Хрватска – Македонија 2:0 е резултатот по првото полувреме вечерва на пријателската средба во Ријека. Домашните кои настапуваат со комбиниран состав, поведоа со прекрасниот гол на Ловро Мајер во таа 1.минута од слободен удар од околу 25 метри успеа да го совлада Димитриевски. Истиот играч во 45.минута зголеми на 2:0.
Македонија се закани во неколку наврати, сепак тоа беше премалку за да се дојде до подобар резултат по првите 45.минути од оваа контрола во Ријека.
Најопасно беше во 43.минута кога Трајковски од слободен удар шутираше а Ливаковиќ одбрани.
🇪🇺 Goal: Lovro Majer | Croatia 2-0 North Macedonia pic.twitter.com/xxMeubTb2b
— PushGoals (@PushGoals) June 3, 2024