Тиквеш се засили и со Михаил Маневски!

2238

Освојувачот на Купот на Македонија и еден од тимовите кои летово ќе ја претставуваат нашата земја во еврокуповите, кавадаречки Тиквеш, од денеска е посилен за уште едно ново име.

А тоа Михаил Маневски, одличниот лев бек кој во пролетната полусезона играше за Брегалница.

Левиот офанзивен бек, кој има 25 години, претходно играше и за Гостивар, Силекс, Шкендија, А. Пандев.

Се разбира со Маневски составот на стратегот Ѓоко Мојсов ќе биде осетно поквалитетен во пресрет на евро настапите и следната сезона на домашна сцена.

Досега ова лето Тиквеш се засили со Стефан Тасев, Давид Манасиевски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, сега и Михаил Маневски, се врати Алмир Чубара, а во секој момент треба да пристигнат двајца интернационалци од Бразил.

ПретходноХрватска ќе биде одличен тест за можностите за избраниците на Милевски!
СледноЏЕКПОТ манија, турнир за ВИДЕОЛОТАРИСКИ игри на 2win.мк