Попладнево на стадионот во Храсница, во близина на Сараево, нашите фудбалери до 21 години го одраоботија тренингот во пресрет на пријателскиот меч со БиХ кој се игра во среда со почеток од 17 часот во Коњиц, на стадионот на Игман.
Ново е тоа што на овој меч ќе мораме без Иван Николов кој доби поштеда.
Инаку по победата над Полска и тоа на нејзин терен со 1:2 во Радом пред неколку дена, се очекува од избраниците на селекторот Драган Канатларовски уште една добра игра и добар резултат.