Хрватска ќе биде одличен тест за можностите за избраниците на Милевски!

130

Вечерва од 19 часот на стадионот „Рујевица“ во Ријека, нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски меч со силната селекција на Хрватска. Секако дека ова ќе биде одличен тест за избраниците на селекторот Благоја Милевски за да се видат нивните моментални можности во пресрет на стартот на Лигата на Нации во септември. Да не заборавиме дека на 10 јуни и гостуваме и на Чешка.

Без разлика што за нас овој меч нема да биде којзнае колку важен резултатски, а искрено и за Хрватите со оглед на тоа дека тие ќе пробуваат разни варијанти во пресрет на ЕУРО 2024, сепак кога за игра за Македонија, кога ќе се облече државниот дрес, секако дека треба да се даде и повеќе од максимумот.

Тоа го очекуваме и денеска од нашите момци кои нема да бидат комплетни, ќе го нема капитенот Енис Барди поради повреда, но секако дека ова ќе биде шанса за останатите во средниот ред, посебно за оние кои ќе добијат минутажа место Барди, да покажат дека го заслужуваа дресот со националниот грб.

Македонија на последните четири средби не успеа да победи. Последен пат се радувавме на триум во октомври минатата година кога дома, во Струмица, во пријателски меч славевме со Ерменија со 3:1. Следуваа средбите со Италија (2:5) Англија (1:1) во квалификациите за ЕУРО 2024, а во март оваа година во Анталија во приателски средби ремизиравме со Молдавија (1:1) и бевме поразени од Црна Гора (0:1).

Вечерва во Ријека на контролата со Хрватска очекуваме добро издание на избраниците на Благоја Милевски.

ПретходноНавивач истрча кон Мурињо, обезбедувањето го совлада, па Жозе покажа зошто е „специјален“ (ВИДЕО)
СледноТиквеш се засили и со Михаил Маневски!