Челичен Новак

1538

Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос откако во исцрпувачки меч го победи Черундоло од Аргентина со 3-2, по сетови 6-1, 5-7, 3-6, 7-5 и 6-3. Новак имаше многу проблеми на мечот. Српскиот тенисер неколку пати се пожали на повреда, терапевтот неколку пати интервенираше но остана на нозе и го доби мечот со пресврт.
По лесно добиениот прв сет, следуваше голем пад затоа што Аргентинецот поведе со 1:2. Ѓоковиќ освен што се мачеше со повреда на коленото, беше и доста нервозен, меѓутоа по кратката пауза ги смири нервите и го доби третиот сет и го изедначи резултатот.
Во последниот сет беше изедначено 3:3, за потоа Ѓоковиќ пополека да го приведе мечот до крај.
Новак 15 пат се пласира во четвртфинале на најголемиот турнир во Франција, a ја запиша и 370 Гренд слем победа.

Во следната фаза се пласира Де Минаур кој со 3-1 го елиминира еден од фаворитите Данил Медведев.

Во женскиот дел во четвртфиналето се пласираа Паолини, Рибакина, Сабаленка и Андреева.

ПретходноКатастрофална Македонија во Ријека: И “комбинирана“ Хрватска е пресилна за нас! (ВИДЕО)
СледноПозната е платата на Конте во Наполи!