Баерн ја направи најголемата грешка со Крос, тука влегува и Јунајтед!

2661

На наше големо жалење, Тони Крос ја завршува својата фудбалска кариера. Си оди како најсилен, со полни сили, сигурни сме дека би можел да одигра уште најмалку пет сезони на нешто пониско ниво, но тоа не го сакаше.

Германскиот фудбалер заминува со уште еден, шести трофеј во Лигата на шампионите (има една Лига на шампиони со Баерн и пет со Реал), а последен турнир на кој ќе игра во кариерата е Европското првенство.

Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен и Интер, Лотар Матеус зборуваше за Тони Крос и имаше што да каже на таа тема.

„Продавањето на Тони Крос е најголемата грешка што Баерн Минхен некогаш ја направил“, рече Матеус.

Продаден е во 2014 година, според некои информации била за само 24 милиони евра.

„Ако не прашате нас, Манчестер Јунајтед можеби направи уште поголема грешка. Тој клуб, односно Дејвид Мојс, имаше договор со Крос и по заминувањето на Мојс и доаѓањето на Ван Гал, беше одлучено да се прекине комуникацијата и да се одлучи за некои други играчи на средината на теренот.

Најинтересно од се, Ван Гал беше тренер на Баерн и добро ги знаеше квалитетите на Тони Крос. Дури и Пол Сколс го убедуваше затоа што го виде својот наследник во Крос, но тоа не се случи, на големо жалење на клубот од „Олд Трафорд“.

ПретходноПозната е следната дестинација на Марко Ројс
СледноНавивач истрча кон Мурињо, обезбедувањето го совлада, па Жозе покажа зошто е „специјален“ (ВИДЕО)