Дали на повидок е сензација или “бомба“ во хрватскиот фудбал и тоа во Хајдук каде игра нашиот напаѓач Алексндар Трајковски. Имено се шпекулира дека можно е за тренер во Сплит да дојде Џенаро Гатузо, славниот Италијанец кој како фудбалер беше и во репрезентацијата, а како тренер покрај другото му беше тренер и на Елиф Елмас во Наполи.
Инаку се вели дека раководството на Хајдук веќе остварило контакт со Гатузо и преговорите се во тек.