Дарко Велковски, стоперот на македонската репрезентација доби врамен дрес со бројот 50 по повод 50-тиот настап за националниот тим. Мечот со Хрватска ќе биде педесетти за Велковски за Македонија.
Првиот натпревар за Македонија го одигра во јуни 2014 година против Кина. За националите има три гола, против Косово (во плеј-офот од ЛН 2020), Исланд и Лихтенштајн (квалификации за СП 2022).