Шпанецот Марк Маркез ќе му биде новиот тимски колега на Франческо Бањаја во фабричкиот Дукати во Мото ГП шампионатот за сезоната 2025. Ова се турбулентни моменти во мото шампионатот бидејќи претходнос се споменуваше дека Хорхе Мартин ќе му биде колега на Бањаја.
Првично Дукати го сакаше Маркез во Прамак Дукати, но самиот мотоциклист изјави дека тоа не доаѓа во предвид туку би се согласил само во фабричкиот Дукати. Тоа значи дека доаѓа разделба со Хорхе Мартин кој добил иста понуда, но излезе дека тој е „помек“ за разлика од Шпанецот.
Па Мартин незадоволен од развојот на настаните одлучил да оди во Априља каде што ќе го замени својот пријател Алеикс Еспаргаро кој заминува во пензија. Ова само неколку часа подоцна го потврди и самиот тим.