ПСЖ не сака да му исплати три плати и бонуси на Мбапе, работата ќе оди на суд

672

ПСЖ се уште одбива да му ја префрли платата на Килијан Мбапе. Откако претходно се дозна дека парижани решиле да не ги исплатат парите кои му ги должат за април и мај, како и бонусот за февруари, медиумите најавуваа дека сепак проблемот ќе биде решен до трансферот на Мбапе во Реал (М), но очигледно тоа не е така.

„Л’Екип“ тврди дека Мбапе не ја добил ниту платата за мај. Истото најверојатно ќе се случи и на крајот на јуни. Севкупно, ПСЖ сака да „заштеди“ околу 80 милиони евра од тоа што Мбапе реши да ги напушти како слободен играч.

Адвокатите од двете страни разменуваат писма, а претставниците на фудбалерот бараат сумата да биде исплатена според договорот. ПСЖ инсистира дека тие се во право.

Доколку не постигнат договор, правната служба на Француската професионална фудбалска лига (ЛФП) може да интервенира.

ПретходноЛудница: Еве како во Венеција се славеше враќањето во Серија А! (ВИДЕО)
СледноБостон со Порзингис на првиот финален меч со Далас