Шокантно: 11 години играл за репрезентацијата, а немал право на тоа!

1392

Емилио Нсуе (34) цели 11 години играл за репрезентаијата на Екваторијална Гвинеја, одиграл 43 меча и постигнал 22 голови. Бил најдобар стрелец на годинешниот Африкански Куп, но дури сега се испоставли дека Нсуе нема право да игра за репрезентацијата на таа земја.

ФИФА објави дека Нсуе играл на официјални мечеви за У-21 селекцијата на Шпанија на времето, а претходно немал пасош на Екваторијална Гвинеја. Таа земја пред единаесет години побарала од властите на Шпанија да го помилува, но не и од ФИФА, односно да може да игра за А репрезентацијата на Е. Гвинеја и тука дошло до проблеми.

Во 2013 година Нсуе побарал од ФИФА дозвола да игра за Е. Гвинеја, но не ја добил. Потоа ФУФА од него побарала официјални документи, но Нсуе не ги доставил, но затоа продолжил со играњето за селекцијата на Е.Гвинеја и тоа на свој ризик.

Сепак сега треба да се “платат сметките“.

ФОТО: Twitter

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Серхио Перез ќе вози за Ред Бул до 2026 година
СледноТриумф во Кишињев: Македонија со втора победа во квалификациите за ЕП