Алегри сепак нема да ги бара 9-те милиони евра од Јувентус

131

Јувентус и Масимилијано Алегри си подале рака и со меѓусебен договор го раскинаа договорот.

„Сакаме да му се заблагодариме на Алегри за сите успеси постигнати во текот на многу години. Му посакуваме се најдобро во неговите идни напори“, напиша „Старата дама“.

Италијанскиот гигант го отпушти Алегри на 17 мај, само еден ден по победата во финалето на Купот на Италија против Аталанта.

Тренерот беше многу разочаран од одлуката на управата и се закани дека ќе си ги бара правата на суд. Беше подготвен да бара казна од 9 милиони евра, но на крајот направи компромис и Јувентус нема да му плати ништо.

Ова беше втор ангажман на Алегри на чело на тимот од Торино. Од мај 2021 година на чело на Јуве забележа 149 натпревари на кои постигна 80 победи.

ПретходноКонте го носи Лукаку во Наполи
СледноЗгуро не е веќе член на Струга ТЛ!