Гезтепе дојде по Серафимов а Милевски го остави на клупата!

2348

Вчера на стадионот “Рујевица“ во Ријека, нашата најдобра фудбалска репрезентација не само што убедливо беше поразена од комбинираната Хрватска со убедливи 3:0, туку го одигра еден од своите најслаби мечеви во поновата историја.

Инаку интересно е тоа што Никола Серафимов, дефанзивецот на МОЛ Фехервар е трансферна цел на Гезтепе, повратникот во турската Супер лига. Токму поради тоа менаџери и луѓе на тој клуб биле вчера на “Рујевица“ да го гледаат македонскиот стопер, но останале, како што се вели, со празни раце.

Имено Серафимов воопшто не влезе во игра, селекторот Милевски го остави на клупата иако на минатите мечеви младиот дефанзивец беше дури и стартер.

ПретходноШампионот преговара со Такахара од Гостивар!
СледноСилекс потпиша со Илија Донов!