Како што вчера и денеска пренесуваат медиумите во Шкотска, офанзивецот на Шкупи и еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ, Кристијан Трапановски е ново име во Дани Јунајтед. Преговорите кои траеле неколку дена вродиле со плод па така сега останува само да се дефинираат некои детали, да се добие работна дозвола и Македонецот да стави официјален потпис и секако да биде промовиран во дресот на еден од најпознатите клубови во Шкотска. Клуб кој во 80-тите години од минатиот век има играно во Скопје против Вардар на евросцената, во тогашната Куп на УЕФА.
Инаку Трапановски пред да дојде во Шкуи, го носеше дресот на Славија Прага, Татран Прешов, Подбрезова, Брера Струмица.
Па така покрај Бојан Миовски и Давор Здравковски, Трапановски ќе биде третиот Македонец кој ќе игра во елитната лига на Шкотска следата сезона.
Интересно е тоа што Трапановски во Данди Јунајтед доаѓа на инсистирање на тренероот Џим Гудвин, кој пред две сезони го донесе Бојан Миовски од МТК во Абердин, кога тогаш беше стратег на овој клуб.