Вангел Згуро не е веќе член на Струга Трим Лум. Откако му истече едногодипниот договор, раководството на шампионот одлучи да не го продолжи истиот. Нешто слично како и со Ментор Мазрекај, вториот интернационалец од Албанија кои дојдоа лани летото во пресрет на европските настапи.
Се разбира дека во манир на голем клуб, Струга Трим Лум јавно преку своите социјални мрежи му се заблагодари на Згуро за неговиот придонес во изминатата година.