Дон Флорентино Перез во саботата во Лондон, како претседател на Реал Мадрид го освои 35 трофеј во својот двоен мандат на чело на најглемиот клуб во светот. Со тоа и дефинитивно го надмина Сантијаго Бернабеу кој како прв човек на “кралевите“ освои 33 пехари.
Некој ќе каже дека на Перез му е лесно, но не ќе е да е така. Овој човек просто се изнамачи од ставање пехари во клупската витрина. Денеска Реал Мадрид објави видео како Дон Флорентино го става најновиот пехар од ЛШ меѓу останатите.
Како што се гледа витрината станува се потесна, ќе мора нешто да се менува, да се постави некога поголема посебно сега откако во Мадрид дојде и феноменалниот Килијан Мбапе.
И дефинитивно на Дон Флорентино не му е лесно со толку пехари.