Квалификации за ЕП – жени: Македонија посакува бод(ови) од Кишињев!

74

Денеска во 18 часот на стадионот на „Зимбру“ во Кишињев, нашата најдобра женска селекција за само неколку дена уште еднаш ќе ги одмери силите со селекцијата на Молдавија. Ова е меч од 4.коло во групата 2 во Лигата Ц. Пред неколку дена во Скопје на ФФМ беше 1:1, а денеска избраничките на селекторот Андов посакуваат добар резултат, бод(ови) и секако добар настап на гостувањето кај Молдавките.

Да потсетиме дека во изминатите три кола нашата женска селекција успеа да победи на еден меч, одигра едно реми, она со Молдавија и забележа еден пораз па така со 4 бода се наоѓа во овој момент на второто место на табелата. Прва е Словенија со максимални 9 бода, додека трета Летонија со три и последна Молдавија со еден бод, оној од Скопје против Македонија.

Во тборот на нашата селекција владее оптимизам, се очекува да се даде максимумот за да се дојде до што подобар резултат.

ПретходноСловенија носи играч на Далас поради Дончиќ
СледноУ-19: Македонија закажа две контроли со Грузија!